Куп на ЕХФ: Кил рутински, Татабања му се одмазди на Нексе

Во рамки на ЕХФ Купот се одиграа неколку интересни натрепвари. Најголем внимание привлече дуелот помеѓу Нексе и Татабања кој беше директна пресметка за првото место во групата.

На натпреварот во Нашице гостите беа подобри и му вратија на Нексе за поразот што им го нанесе во првото коло. Со оваа победа Татабања го зазема првото место во групата.

Во другите натпревари, Кил без проблеми беше подобар од Грањолерс. Данскиот претсавник ГОГ забележа важна победа против полскиот претставник Азоти Пулави за обезбедување на второто место во групата Д.

Резултати, ЕХФ Куп 5. коло

Константа – Холстебро 28:22 (8:16)
Кил – Грањолерс 34:28 (20:13)
ГОГ – Азоти Пулави 41:29 (21:19)
Нексе – Татабања 26:29 (9:14)
Сен Рафаел – Фуксе Берлин 34:31 (18:15)

Во Челинџ Купот се одиграа два натпревари во рамки на четвртфиналето. Во двата натпревари поуспешни беа домаќините и обезбедија предност пред реванш дуелите за една недела. Ставропол беше поуспешен од АЕК додека ЧСМ Букурешт на Гоце Георгиевски беше подобар од босанскиот претставник Борац.

Резултати, Челинџ Куп, четвртфинале

Ставропол 2 – АЕК Атина 25:21 (13:13)
ЧСМ Букурешт – Борац 25:19 (16:7)
Мадеира – Дикен, недела, 17:00
Висе – Ст.Петерсбург, недела, 16:00