Куп на ЕХФ: Кил против Фуксе Берлин во германска пресметка за трофејот

Екипите на Кил и Фуксе Берлин се најдоа во финалето од Купот на ЕХФ и тие денеска ќе влезат во битка за трофејот од Ф4 турнирот на кој се и Порто и Холстебро кои ќе мора да се задоволат со утешна награда биде беа поразени во вчерашните полуфинални дуели.

Кил како домаќин влегува со амбиции да дојде до трофејот, но и Фуксе Берлин има свои адути, па ова ќе биде интересна пресметка со која ќе се покаже кој во моментов има подобро подготвени играчи за настап на меѓународна сцена. Дефинитивно и двата тима ќе имаат што да покажат, па се очекува неизвесност во трката по трофејот.

Истото се очекува и претходно во мечот кој ќе биде загревање за финалето во кој Порто и Холстебро ќе се надигруваат по утешната 3. позиција.

КУП НА ЕХФ – Ф4 ТУРНИР

ПОЛУФИНАЛЕ

ХОЛСТЕБРО – КИЛ          26:32

ФУКСЕ БЕРЛИН – ПОРТО    24:20

САБОТА, 18 МАЈ

18:00ч

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

ХОЛСТЕБРО – ПОРТО

Сала: Шпаркасе Арена во Кил. Судии: Артур Брунер и Морад Салах од Швајцарија.

20:45ч

ФИНАЛЕ

КИЛ – ФУКСЕ БЕРЛИН

Сала: Шпаркасе Арена во Кил. Судии: Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица од Хрватска.