Куп на ЕХФ: Имало и бетер од Прилеп, Порто го елиминира грузискиот Батуми со 63 разлика!

Се одиграа првите мечеви од воведното квалификациско коло во Купот на ЕХФ. Македонскиот претставник Прилеп доживеа два преубедливи порази од швајцарскиот Винтертур со 42:19 и 42:15 и со вкупна гол разлика од минус 50 е елиминиран од второто по квалитет европско ракометно натпреварување.

Ако мислевте дека разликата од 50 голови во двата меча е највисока, сепак не е така. Португалскиот вицепрвак Порто, славеше над грузискиот Батуми со 49:16, односно 44:16 и со вкупни 93:32, односно разлика од 61 гол се пласираше во следната фаза.

Вистинско изненадување приреди тимот на македонскиот интернационалец Владимир Темелков, Каерјенг, кој го елиминираше српскиот шампион Војводина, на двата меча кои се играа на теренот во Луксембург. првиот меч го добија гостите од Нови Сад со 31:30, сепак на вториот славеа домашните со 28:25. Темелков на двата меча постигна по два гола и заработи жолти картони. Следен против на Каерјенг ќе биде португалската Бенфика на Никола Митревски.

Во следното коло веќе се и исландскиот Хаукар, како и турската Анкараспор.

ehf