Куп на ЕХФ: Без проблеми за Шамбери, Темишвар и Алпла, елиминација за Металопластика и Беса

Се одиграа сите натпревари во првото квалификациско коло од Купот на ЕХФ. Некои од екипите уште минатиот викенд обезбедија пласман во втората фаза, некои тоа го сторија викендов. Шамбери, каде тренер е Ивица Обрван, а помошник Данило Брестовац немаше проблеми со холандскиот Волендам, додека Каерјенг на Влатко Темелков ја елиминира српска Војводина. Темишвар на Даскаловски и Лазаров победи на двата меча со Полва Сервити од Естонија.

Унгарскиот Чурго загуби кај Бодо во Норвешка, но ја задржа позитивата од првиот меч. Косовска Беса иако имаше предност од 4 голови од првиот меч со Дукла Прага, сепак на гости загуби со 8. Металопластика го победи во реваншот Динамо Астрахан но недоволно, а грчкиот Филипос Верија со втора победа ја елиминра Будва.

ehfmazi1

Во второто коло ќе има шест „македонски“ тимови. Балатонфуреди на Михаил Петровски ќе игра со Винтертур, кој го елиминира Прилеп, ЧСМ Букурешт на Георгиевски и Шундовски ќе се сретне со хрватскиот Замет, а Каерјенг на Темелков, ќе игра со Бенфика на Митревски. Шамбери ќе има најголем предизвик и ќе се соочи со Фуксе Берлин, додека норешкиот Арендал ќе биде нов предизвик за Лазаров и Даскаловски со Темишвар.

ehfmazi2