Куп на Германија: Никлас Ландин им донесе трофеј на „зебрите“

Екипата на Кил стигна до 11. трофеј во Купот на Германија. „Зебрите“ во финалето успеаја да го совладааат Магдебург со 28:24 во интересен дуел. Натпреварот започна изедначено токму како што му и доликува на едно финале. Двете екипи влегоа претпазливо, па по почетните 5:5 повремено се менуваа во водството. И едната и другата екипа имаа подеми и падови во играта, а истото резултираше подобро за Кил кој замина на полувреме со минимално водство од 14:13.

Во второто полувреме, по 35. минута се виде дека Кил е поквалитетен состав и брзо отиде на плус три, а одличната игра им овозвожи и да стигнат до највиски осум гола предност во 44. минута. Истата позитива значеше и крај за надежите на Магдебург кој сега ќе продолжи да го брка трофејот во Бундес лигата.

Партија за незаборав имаше пантерот на голот на Кил, Никлас Ландин Јакобсен кој целосно го откажа противникот собирајќи 19 интервенции, а шест гола беа дело на Харалд Рајнкинд. Во Магдебург расположен за игра беше Михаел Дамгаард кој погоди шест пати.