Куп на Германија: Миркуловски го спаси Вецлар, Талески и Рајн Некар без мака

Стартуваа возбудувањата во германскиот ДКБ Куп. Со натпреварите од 1/32 финалето екипи го означија стартот на новата сезона, а следната недела ќе стартуваат и натпреварите од Бундес Лигата. Две екипи во кои има македонски интернационалци ја поминаа првата пречка. Натпреварите од 1/16 финалето ќе се играат денеска.

Рајн Некар победи со 41:28 против Балинген, а Талески немаше голема минутажа и постигна 2 гола од 2 обиди, додека Филип Миркуловски беше спасистелот на Вецлар, кој славеше со 31:29 над Констанц. Средниот бек ги постигна последните 2 гола (од вкупно 4 на мечот) за 30:29 и 31:29, откако второлигашот израмни на 29:29 во финишот.