Куманово ја совлада Славија Прага, тргна кон 2. коло од Купот на ЕХФ

Екипата на Куманово во женскиот ЕХФ куп во првиот натпревар против Славија Прага оствари победа 27:23 и во реваншот кој се игра утре влегува со предност од четири гола.

Избраничките на Симе Симовски имаа добар натревар, а најзаслужни за победата беа ракометарките кои летово дојдоа од Пелистер, Чокели и Јанкуловска кои заедно постигнаа 19 гола. Гостинките отворија со 2:0, а минималното водство го одржуваа до 5:4 кога Боризовска погоди за 5:5. Потоа Куманово го презема водството и до крајот на полувремето стигна до предност од четири гола, 15:11.

Почетокот на вториот дел донесе игра гол за гол до 40. минута. Со головите на Трајковиќ, Чокели и Јанкуловска, кумановки стигнаа до највисоки 22:15 со што ја најавија победата. Потоа следуваше пад во играта на Куманово, Славија Прага возврати со серија од 6:0 со што намали на 21:22 во 52.минута. Сепак, до крајот на натпреварот Куманово стигна до предността од полувремето за добра предност пред утрешниот реванш.

КУМАНОВО – СЛАВИЈА ПРАГА                27:23 (15:11)

Сала: Спортска во Куманово. Судии: Василис Харицос и Панајотис Наскос од Грција. Делегат: Борис Вукашиновиќ од Србија.

КУМАНОВО: Косановиќ, Стојчевска, Марковиќ, Пецанова, Трајковиќ 3/5, Гичевска 2/5, Боризовска 2/2, Шарановиќ, Чокели 10/11, Јанкуловска 9/10, Кипријановска 0/4, Наумоска, Глигоријадис 1/4, Краљевска, Радевска, Цветановска.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 10 мин.

СЛАВИЈА ПРАГА: Пуштаи, Франкова 3/4, Брозова, Мисова 7/10, Новотна 0/3, Резакова, Вечерова 1/1, Јацкова 4/6, Пкорна 3/5, Слејтрова, Либалова, Фрицакова 3/7, Витова, Свободова 3/8, Члупова 0/1.

Седмерци: 4/8, Исклучувања: 10 мин.