Куманово триумфално низ Струга

Во  13 коло во плеј-офот од Женската лига Стружанка беше домаќин на Куманово. На гостинките им беше неопходна победа за задржување на теоретските шанси за титулата, па славеа сигурна победа со 21:27.

На тешкото гостување кумановки започнаа добро, отворија со почетно водство 3:0. Во продолжение со подобра игра Стружанка се врати во натпреварот и успеа да стигне израмнување, 10:10. До крајот на полувремето Куманово повторно поведе и на одмор отиде со предност од два гола, 13:15.

На почетокот на вторите 30 минути гостите ја дуплираа предността и направија добра залиха за до крајот на натпреварот да одиграат мирно и забележат нова победа.

Најефикасна ракометарка во екипата на Стружанка беше Магдалена Делиоска со шест гола, а во составот на Куманово со седум погодоци најефикасна беше Диана Димова. Ивана Наумовска на голот на Куманово беше одлична со 12 интервенции.

СТРУЖАНКА – КУМАНОВО 21:27 (13:15)

Сала: Нико Нестор во Струга. Гледачи: 300. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.
Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

Стружанка: Митоска, Ристоска, Јовичинац 1, Дурацоска 2, Јусуфу, Јоноска 3, Затуроска 1, Петреска 3, Делиоска 6, Домазетоска, Затуроска, Ѓоршулеска, Голабоска, Переска, Балоска, Маркоска 5.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 8 мин.

Куманово: Марковиќ, Живковска, Трајковиќ 2, Ивановска 4, Боризовска 2, Дичковиќ 3(одбрани), Шарановиќ 5, Петковска 1, Стојчевска, Наумовска 12(одбрани), Глигоријадис 6, Краљевска, Пецевска, Цвтановска, Дабевска, Димова 7.

Седмерци: 5/5. Исклучувања: 8 мин.