Куманово покажа квалитет, со убедлив триумф на првата контрола во Србија

Ракометарките на Куманово одработија добар натпревар во Прокупље и го совладаа составот на Топличанин со високи девет гола разлика, 35:26. Тие беа далеку подобриот ривал и покажаа дека пред стартот на сезоната се во добра форма и подготвени за предизвиците кои следуваат во првенството и во Купот на ЕХФ.

Уште во првото полувреме се виде дека кумановки се поквалитетни и дека ќе немаат поголеми проблеми за да обезбедат триумф на овој натпревар. Тргнаа одлично и успеаја да го издржат силното темпо, па имаа 16:10 на одмор.

Вториот дел исто така го решија во своја корист, но беа уште поефикасни, па на крајот имаше 35 гола што беше и повеќе од доволно за висока победа.

Утре следува нов тест за Куманово, а противник е екипата на Зајечар. Мечот 13:30 часот.

ТОПЛИЧАНИН – КУМАНОВО   26:35 (10:16)

ТОПЛИЧАНИН: Драшковиќ, Јовановиќ 5, Ј. Петровиќ 1, Хаџиќ, Кричак 2, А. Петровиќ 1, Стојов 2, Каралиќ 2, О. Николиќ 7, Стојиљковиќ, Корач 1, Вучковиќ 2, М. Николиќ,  Димитријевиќ 3.

Седмерци: 4/4, Исклучувања:

КУМАНОВО: Наумовска, Стојчева, Боризовска 5, Ивановска 1, Марковиќ 1, Кипријановска 6, Јанкуловска 4, Шарановиќ 4, Цветановска, Чокели 6, Радевска, Глигоријадис 6, Пецанова, Краљевска 2, Косановиќ, Јовановска.

Седмерци: – , Исклучувања: 2 мин.