Куманово победнички се враќа од Гевгелија

Ракометарките на Куманово со победа се враќаат од гостувањето во Гевгелија во заостанатиот натпревар од 12 коло во Женската лига. По елиминацијата од европските купови, кумановки со цела сила и енергија ќе се насочат кон освојувањето на трофеи на домашна сцена.

Натпреварот во Гевгелија го добија избраничките на Зоран Јосимовски со 20-29, а на полувремето имаа водство до 10-13 и домаќинот секогаш беше тука некаде резултатски. Сепак искуството и подолгата клупа дојдоа до израз во второто полувреме и победникот беше решен.

Викторија Пеовска со 11 погодоци беше предводник во победата на Куманово, додека Мила Трајковиќ додаде уште седум. Во домашниот тим на Гевгелија се истакнаа Михаела Митревска со седум и Драгана Стојанова со пет погодоци.