Куманово не оди на гости, ќе игра двапати дома во Купот на ЕХФ

Ракометарките на Куманово сакаат пласман во 2. коло од Купот на ЕХФ, а за да ги остварат овие амбиции ќе се обидат да го надиграат противникот на домашен терен. Во 1. рунда тие се сочуваат со екипата на Славија Прага, а договорот меѓу екипите е двете средби да бидат одиграни на домашен терен.

Тимот од Чешка ќе дојде во Куманово на 14 и 15 септември, а тоа ќе биде викендот кога кумановки ќе треба да го положат тестот и да покажат на што се подготвени во новата сезона.

Подготовките за новата сезона стартуваа пред два дена, а првата недела ќе се одработи без новиот тренер Симе Симовски, кој е во Италија со кадетската репрезентација. Со неговото враќање ќе стартува вистинското, а тогаш ќе се приклучи и засилувањето од Пелистер, Ангела Јанкуловска.

Со новите имиња и новиот тренер, Куманово ги зголемува амбициите и сигурно ќе игра голема улога на домашна сцена. Во Купот на ЕХФ, ако успее да го помине составот на Славија Прага тогаш ќе наиде на Одензе од Данска, тим кој е еден од фаворитите за титулата во натпреварувањето.