Куманово не искористи златна шанса

Во реванш натправарот од женскиот ЕХФ куп Куманово забележа пораз против чешкиот претставник Славија Прага 31:24 со што беше елиминиран во првото коло од ЕХФ  купот.

Куманово лошо го отвори натпреварот, уште во првиот напад на Славија, Јована Кипријановска заработи исклучување што гостинките го искористија да влезат со водство во натпреварот. Во 10. минута гостинките кои на овој натпревар имаа улога на домаќини имаа преднсот 6:3.

Слабата игра во одбрана на кумановки беше главната причина за негативата. Во напад имаше две ракометарки расположени за игра, тоа беа Јанкуловска и Гичевска кои постигнаа 12 од 13 гола во првото полувреме за Куманово. Славија Прага на полувреме имаше предност 14:13.

Второто полувреме повторно чешките ракометарки го отворија подобро и се одлепија на предност од три 17:14. Следуваше период на игра гол за гол за во 40. минута со првиот гол на најефикасната ракометарка од вчерашниот дуел Куманово да намали на минус еден, 19:20.

Проблемите за Куманово продолжија кога во 42. минута беше исклучена најрасположената за игра Гичевска. Ова го искористија ракометарките на Славија Прага и ја анулираа предността на Куманово од првиот меч кога поведоа 25:21.

На 10 минути до крајот Куманово го имаше истиот резултат во негатива како победата во првиот дуел, 23:27. Натпреварот влезе во неизвесна завршница за вкупна победа, во 59. минута при резултат 29:24 Куманово имаше напад за намалување на предността, но Слејтрова го сопре ударот на Јанкуловска, а потоа реализираа чешките ракометарки за 30:24.

СЛАВИЈА ПРАГА – КУМАНОВО 31:25  (14:13)

Сала: Спортска во Куманово.Гледачи: 500 Судии: Василис Харицос и Панајотис Наскос од Грција. Делегат: Борис Вукашиновиќ од Србија.

СЛАВИЈА ПРАГА: Пуштаи 1/2, Франкова 3/4, Брозова, Мисова, Новотна 1/1, Резакова, Вечерова 1/1, Јацкова 6/10, Покорна 10/12, Слејтрова, Либалова 1/1, Фрицакова 2/3, Витова, Свободова 2/3, Члупова 0/1.

Седмерци: 6/6 Исклучувања: 10 минути.

КУМАНОВО: Косановиќ, Марковиќ, Пецанова 1/1, Трајковиќ 1/1, Гичевска 8/13, Боризовска 0/1, Јовановска, Шарановиќ, Чокели 3/4, Јанкуловска, Кипријановска 1/5, Наумоска, Глигоријадис 1/4, Краљевска, Радевска, Цветановска.

Седмерци:Исклучувања: 14 минути.