Куманово и Деспина утре ќе го одработат мечот од 2. коло

Женската репрезентација на Македонија утре од 10 часот ќе ги одмери силите со селекцијата на Турција Б во 2. коло од турнирот кој се игра во Турција. Поради тоа натпреварите од домашното првенство се одложени.

Сепак, еден дуел ќе биде одигран утре бидејќи во составите на Куманово и Деспина нема ракометарки кои отсуствуваат така што може да се одработи мечот во предвидениот термин. Другите дуели ќе бидат одиграни после ЕХФ неделата во која Македонија ќе одигра два квалификациски дуели за ЕП 2018.

Составите на Куманово и Деспина ќе играат утре од 14:30 часот.