Куманово и Академија Алушевски учествуваа на турнир во Романија

Две екипи од Македонија во женска конкуренција, Куманово и Академија Алушевски учествуваа на големиот турнир Фан Спортс Куп во Брашов, Романија. Тимот на Куманово беше дел од турнирот во категоријата за ракометарки до 18 години и го освои 6 место во конкуренција на 7 екипи.

Академија Алушевски исто така настапи на овој престижен турнир во младинска конкуренција во Брашов, во категоријата за ракометарки до 14 години и го освои 6 место во конкуренција на 9 екипи, а турнирот најдобар беше тимот на ЧСМ Букурешт со максимални 9 победи.