Куманово го доби Пелистер уште во првото полувреме

Екипата на Куманово го совлада Пелистер во заостанатиот меч од 4. коло од Женската лига и дојде до важни бодови во директен дуел против конкурентот за висок пласман. Ракометарките на Куманово беа во предност од стартот на средбата и покажаа дека во моментов на домашен терен немаат проблеми за бодовите.

Уште во првото полувреме разликата беше седум погодоци и тука Пелистер го загуби чекорот. Беше тешко да се следи така што предноста од седум гола се покажа како доволно голема за во продолжението да може да се одигра мирно, па дури и да се дозволи гостинките да се доближат.

Во второто полувреме Пелистер успеа да одигра подобро и да го искористи опуштањето на домашните кои во финишот си дозволија да примат неколку голови, кои, сепак, не им ја загрозија победата.

На тој начин бодовите останаа во Куманово, па Пелистер ќе мора да бара нови бодови на следните средби во првенството.

КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР            28:25 (18:11)

Сала: ОУ „Х. Т. Карпош“ во Куманово. Гледачи: 250. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

КУМАНОВО: Наумоска, Дичковиќ, Стојчевска, Димова 1, Краљевска, Живковска, Трајковиќ 5, Пеовска 4, Боризовска 6, Цветановска 1, Дабевска 6, Кипријановска 5, Радевска.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 10 мин.

ПЕЛИСТЕР: Дурланова, Кицеска, Николовска 3, Раиф 1, Каранфиловска 1, Чокели 2, Милосављевиќ, Глигоријадис 1, Божиновска 4, Талевска 4, Блажевска 3, Филипоска 2, Апостоловска, Белевска, Јанкуловска 4.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 4 мин.