Кумановки со нов триумф, подобри од ривалот во Регионалната лига

Ракометарките на Куманово одиграа уште две контролни средби, а дојдоа до триумф против Зајечар, ривал со кој ќе се среќаваат во групата од Регионалната лига.

Откако загубија во последната минута од Раднички Крагуевац во петокот, вчера кумановки играа со Зајечар и на овој меч не дозволија ништо непредвидено.

На средбата против Раднички, Куманово немаше неколку од своите ракометарки (Гичевска, Шарановиќ, Трајковиќ) од првата постава и тоа остави трага и на играта.

Затоа, пак, против Зајечар во тимот беше и Гичевска и веќе имаше сосема поинаква игра. Во поголемиот дел од средбата Куманово беше во предност, а на крајот таа предност беше крунисана со триумф. Ова беше уште една контрола и можност да се види формата. Воедно уште еднаш беа проверени силите против ривалот со кој ќе се соочат во групната фаза од Регионалната лига и ова се убави вести за ракометарките на Куманово бидејќи покажуваат дека иако некомплетни се поквалитетни од тимот од Србија.

ЗАЈЕЧАР – КУМАНОВО                26:29 (14:15)

Сача: СПЦ „Тимок“ во Зајечар. Судии: Милан Јанковиќ и Младен Миленковиќ од Србија.

ЗАЈЕЧАР: Живиќ, Маријановиќ, Зечевиќ 3, Милошевиќ 3, Терзиќ 7, Шаровиќ 6, Станојловиќ, Стевановиќ 1, Стамениќ 4, Богојевиќ 2, Вујадиновиќ, Реџеплар

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.

КУМАНОВО: Косановиќ, Наумовска, Јанкуловска 5, Гичевска 6, Краљевска, Пецанова 2, Ивановска 4, Радевска, Чокели 4, Боризовска 1, Стојчевска, Кипријановска 3, Цветановска 1, Глигоријадис 3, Јовановска.

Седмерци: 2/3, Исклучувања:

РАДНИЧКИ КРАГУЕВАЦ – КУМАНОВО                25:24 (14:11)

Сала: „Језеро“ во Крагуевац. Судии: Никола Маричиќ и Драгана Јаниќијевиќ од Крагуевац.

РАДНИЧКИ: Ј. Појужина, Ѓорѓевиќ, Величковиќ 2, Среќковиќ, Бјапас 5, Недељковиќ, Васиќ 1, Кнежевиќ 4, Благојевиќ 1, Хасановиќ, Влашковиќ, Филиповиќ, Стојанац, Тодоровиќ, Т. Петровиќ, К. Петровиќ 1, Стоиљковиќ 9, Ж. Појужина 2

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 8 мин.

КУМАНОВО: Косановиќ, Наумовска, Јанкуловска 7, Цветановска, Марковиќ, Пецанова, Ивановска 2, Чокели 4, Боризовска 4, Кипријановска 4, Радевска, Глигоријадис 3, Краљевска, Стојчевска, Јовановска.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 8 мин.