Кумановки во победнички ритам, со нова победа во Прокупље

Ракометарките на Куманово после победата над составот на Топличанин дојдоа до уште еден триумф на контролите во Прокупље, а денеска го надиграа составот на Зајечар со 32:28.

Кумановки беа во предност уште од стартот на средбата. Поведоа со 1:0, а противникот израмни на 1:1. Серијата од 4:0 донесе предност за тимот на Куманово од 5:1 и овие четири гола постојано се одржуваа. На моменти разликата одеше и до шест погодоци, па на одмор се замина со 18:13.

Вториот дел од средбата беше за задржување на предноста. Се играше доволно искусно за да може да се дојде до победа и на овој дуел, но во исто време и да се пробаат неколку тактички варијанти за следната сезона.

Нова победа на Куманово покажува дека тимот е подготвен за претстојната сезона, па сосема извесно е дека овој тим влегува во новиот шампионат со улогата на фаворит за трофеите.

ЗАЈЕЧАР – КУМАНОВО                28:32 (13:18)

ЗАЈЕЧАР: Новиќ, Стаматовиќ , Зечевиќ 3, Милошевиќ, Терзиќ 6, Маријановиќ, Шаровиќ 6, Станојловиќ, Стевановиќ, Станковиќ, Стамениќ 6, Богојевиќ 5, Владановиќ, Реџеплар

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 4 мин.

КУМАНОВО: Наумоска, Боризовска 8, Ивановска 2, Марковиќ, Кипријановска 4, Јанкуловска 5, Гичевска 2, Цветановска 1, Чокели 2, Радевска, Глигоријадис 7, Пецанова 1, Краљевска, Косановиќ, Јованоска, Стојчевска.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 8 мин.