Кумановки без право на грешка во Струга

Вториот дуел од 6. коло во плеј-офот во Женската лига треба да се одигра денеска во Струга каде што составот на Стружанка ќе се обиде уште еднаш да ги запре ракометарките на Куманово. Во првиот дел од сезоната одиграа квалитетни средби против кумановки, па и сега е за очекување да одиграат на високо ниво.

Куманово нема право на грешка ако сака да остане близу до составот на Металург и во последните средби да се обиде да искористи уште евентуално нов кукс на тимот кој е лидер на табелата. Со победа во Струга составот на Куманово ќе дојде до минус од шест бода и ќе се врати барем мала неизвесност. Во спротивно со победа на Стружанка ракометарките на Металург ќе можат полека да се подготвуваат за прослава на нова титула.

ЖЕНСКА РАКОМЕТНА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ    24:24

САБОТА, 27 АПРИЛ

15:30ч

СТРУЖАНКА – КУМАНОВО

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

ПЕЛИСТЕР е слободен

ТАБЕЛА: 1. Металург 31 бод (349:289); 2. Куманово 22 (322:289, -1 меч); 3. Пелистер 15 (314:322, -1 меч); 4. Стружанка 12 (273:336, -1 меч); 5. Вардар 11 (328:350).