Кулешов поднесе оставка: Екипата мора да умира на терен, ако тоа не се случи виновен е тренерот

Тренерот на машката репрезентација на Русија Олег Кулешов поднесе оставка по неуспешниот настап на Светското првенство во 2015 година.

Во саботата руските ракометари беа поразени во клучниот натпревар од  групната фаза од репрезентацијата на Аргентина со резултат од 27:30 и со тоа ги изгубија шансите за настап во 1/8 финалето на првенството. Со лошиот настап Русија заврши на  петотото  место во групата и со тоа се збогува со шансите за добивање на билет за Летните Оимписки Игри 2016 во Бразил.

Тренерот на машката репрезентација на Русија Олег Кулешов на прес-конференцијата по натпреварот изјави:

“Денес или утре ќе ја поднесам својата оставка. Не ја поминавме групната фаза и ништо друго не можам да кажам. За да се дојде до победа тимот мора буквално да умира на терен, доколку тоа не се случи тогаш виновен е тренерот. “

Олег Кулешов  ја предводи руската репрезентација од 2012 година. На Светското ракометно првенство 2013 под негово раководство Зборнаја загуби од словенците во четврт финалето.