Кузмановски успешно опериран во Хрватска

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски поради повреда на десната дланка ќе го пропушти Светското првенство во Франција. Во дуелот против Татран Прешов од Лигата на шампионите, тој заработи скршеница на дланката по која мораше да замине на оперативен зафат во Хрватска.

Како што соопштуваат од клупскиот сајт оперативниот зафат врз десната дланка на Филип Кузмановски завршил успешно, а ракометарот веќе оваа недела треба да се врати во Македонија.

Операцијата, која траела 2,5 часа, е изведена во клиниката за ортопедија “Билиќ Визион“ во Загреб, под водство на проф. др. Ранко Билиќ, хирургот кој го оперираше и кормиларот на Метлаург Лино Червар кога заработи слична скршеница пред неколку години.

Операцијата траеше подолго од предвиденото, но е целосно успешна и јас се чувствувам добро. Контрола ќе имам во вторник, а вечерва се враќаме во Скопје“, кратко изјави Кузмановски, за клупскиот сајт.

Според првичните проценки рехабилитацијата ќе се одвива најмалку два месеци.