Кузмановски се враќа во вистинско време

Познати се составите на екипите на Металург и Чеховски Медведи, кои вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одиграат натпреварот од 6 коло во Лигата на шампионите. Доколку победи, македонскиот вицепрвак ќе остане во конкуренција за второто место и за пласман во елиминациите.

Двајцата тренери, Александар Јовиќ и Владимир Максимов, ги објавија составите со кои ќе го одиграат овој натпревар. Во ростерот на Металург се враќа капитенот Филип Кузмановски, кој паузираше поради повреда месец дена.

.Металург: Арсиќ, Томовски, Анѓелиќ, Арсеновски, Димитриевски, Гуглета, Илиќ, Јагањац, Кузмановски, Палевски, Пешевски, Петров, Серафимов, Танкоски, Токиќ и Велковски.

Чеховски Медведи: Грушко, Павленко, Андреев, Фурцев, Карлов, Корнев, А.Котов, К.Котов, Куретков, Маслеников, Осташченко, Санталов, Шарков и Василев.

Средбата ќе ја судат Данците Мадс Херман и Јеспер Мадсен. Делегат ќе биде Виктор Конопласти од Украина, а ќе започне во 17 часот.