Кузмановски: Никој не се штедеше во Алжир

Младинската машка репрезентација го постигна најголемиот успех на Мундијалите, не само кога се работи за ракомет, туку во сите колективни спортови воопшто. Еден од лидерите во селекцијата на Темелковски беше бекот на Металург, Филип Кузмановски.

„Во претходните години немавме резултати какви што се очекуваа од нас. Ова Светско првенство беше последно за дел од репрезентативците и мислам дека не мотивираше нас постарите играчи да дадеме се од себе. Тоа се покажа и на терен. Одигравме добро првенство. На дел од натпреварите потфрливме бидејќи немавме доволно време да се одмориме, а дел од играчите играа на секој натпревар по 60 минути. Сепак, никој не се штедеше и го даваше максимумот од првата до последната минута.” – изјави Кузмановски.