Кузмановски ефикасен во сала, ама ефикасен и на песок

Во минатите неколку денови репрезентативците на Македонија одиграа девет натпревари на Европското првенство во ракомет на песок, а таму забележаа осум порази и една победа.

На овие девет средби беа забележани 294 поени, а притоа најдобро се снајде ракометарот на Струга, Цветан Кузмановски. Тој беше убедливо најдобриот и самиот постигна повеќе од една третина од поените. Со вкупно 108 се најде на врвот на листата во Македонија, а инаку сите се запишаа меѓу стрелците за време на овој шампионат.

МАКЕДОНИЈА (ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ)

108 – Цветан Кузмановски

42 – Кристијан Трајковски

41 – Мартин Ивановски

30 – Христијан Крстаноски

28 – Стефан Колоски

21 – Бојан Маџовски

8 – Александар Стојаноски

6 – Дарио Алушовски

6 – Стефан Дрогришки

4 – Филип Арсеновски