Кудлач во Лајпциг до 2019 година

Предводникот на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите Каролина Кудлач го продолжи договорот со Лајпциг до 30 јуни 2019 година.

Одличните игри кои таа ги прикажа во дресот на германскиот будеслигаш ја донесоа до капитенската позиција со што таа стана лидер на тимот.  Мотивите за продолжување на договорот се исто така поврзани со нејзиниот приватен живот.

“Со мојот избраник сакаме да се венчаме во јуни, тој моментално живее во Гдањск, но ќе дојде на работа во Лајпциг ова лето”

“Германија е мојот втор дом, одлично се чуствувам тука” изјави Кудлач за германските медиуми.

Полската репрезентативка исто така има поднесено барање за двојно државјанство. Сепак таа сака да продолжи да игра за полскиот национален тим во кој исто така ја има капитенската улога.


Foto: Jens Wolf