Кристопанс: Не очекува тешка сезона, сите ќе сакаат да го победат шампионот

Новото засилување на Вардар, десниот бек Даинис Кристопанс е меѓу првите ракометари што дојде во Скопје и го чекаа почетокот на подготовките за новата сезона, кои започнаа денеска. Највисокиот играч во Лигата на шампионите сезонава, со 213 см. реши својата кариера да ја продолжи во Македонија како дел од тимот на Вардар каде е договорено да остане во следните три сезони. Дојде од тимот на Мешков Брест.

„Ова е нов предизвик за мене. Денеска ми е прв тренинг со мојата нова екипа. Засега се изгледа професионално, условите за работа се одлични. Пред почетокот на сезоната потпишав за Вардар и не очекував дека ќе станат европски шампиони. но сега тоа е огромен плус, што ќе бидам дел од ваков клуб. Колку ќе можам да го заменам Душебаев, тоа знае само тренерот, но јас ќе дадам се од себе, за да го заменам достојно. Вардар ќе биде предизвик за сите екипи, бидејќи сите ќе сакаат да го победат европскиот првак.“ – изјави Кристопанс.