Кристијан Шпренгер ќе паузира две недели

Екипата на германскиот шампион Кил, нема да може да смета на услугите на десното крило Кристијан Шпренгер во наредните две недели. Во натпреварот против екипата на Вецлар кој се одигра во петокот, Шпренгер заработи повреда на глуждот, а по извршените медицински прегледи било констатирано дека страдале лигаментите на ракометарот.

Кристијан Шпренгер е третиот повреден ракометар во екипата на Кил од почетокот на новата сезона, по Расмус Лауге кој поради скинати лигаменти е сеуште надвор од ракометните терени , и новото засилување Штефан Вајнхолд кој има повреда на прстот. И двајцата ќе го пропуштат следниот натпревар против екипата на Мелсунген.