Кристијан Дисинџер ќе го менува Палмарсон во Кил!

Најдобриот ракометар од младинското светско првенство 2011, Кристијан Дисинџер својата карира ќе ја продолжи во најквалитетниот тим на германската Бундеслига, екипата на Кил. Договорот со лидерот во германскиот шампионат е постигнат и потпишан.
Актуелниот договор со Лубеке, каде настапува оваа сезона, а кој важи до јуни 2016 спогодбено е раскинат и неговите услуги во наредните две сезони ќе ги користи, актуелниот шампион во Бундеслигата.
23-Годишниот лев бек, минатата сезона беше на преговори во Вардар, но бројните повреди беа една од пречките за да не се реализира овој трансфер.
Дисинџер потекнува од младинскиот погон на германската екипа Фризенхајм, а во 2011 го потпишува првиот професионален договор со екипата на Кадетен Шафхаузен. Истата година му се случува првиот пех во ракометната кариера, повреда на предните вкрстени лигаменти. По долга рехабилитација наредната сезона го остава својот печат во ракометниот свет, преку игрите во групната фаза на Лигата на шампионите. Во април 2013 година веднаш по потпишување на договор со тогашниот гигант Атлетико Мадрид, ја обновува повредата на истото колено, а екипата на Душебаев згаснува засекогаш.
Од минатата сезона настапува за екипата на германскиот Бундеслигаш, Лубеке, каде е забележан од упрвата на „зебрите“, причина поради која во наредните две сезони ќе има обврска да ја пополни празнината што ќе ја остави заминувањето на исландскиот бек Арон Палмарсон.