Кристијанштад добива африканско засилување

Според шведските медиуми пикерот на репрезентацијата на Тунис и член на турскиот клуб Селка Ескишехир, Џихед Џабала од следната сезона ќе го засили Кристианштад.

Џабала ја игра првата сезона во клубот од Турција, а сезонава настапуваше со својата екипа во Челинџ купот. Најверојатно по една сезона во Ескишехир пикерот ќе се пресели во Шведска.

Тунижанецот има одлични физички карактеристики со своите 204 сантиметри висина и 114 килограми со што се очекува да биде големо засилување за Кристианштад на пикерската позиција за следните сезони.