Кристина Тришчук го напуши ЕРД

Унгарскиот клуб Ерд излезе со соопштение до јавноста во кое објаснува дека Кристина Тришчук повеќе не е дел од тимот. До ваквата одлука дошло по постигнување на заедничка спогодба помеѓу клубот и играчот и засега повеќе детали не се достапни од двете страни.

Тришчук е родена во Русија а од Октомври 2012 таа има унгарско државјанство. За унгарската репрезентација таа дебитираше на Европското првенство 2012 во натпреварот против Романија.

Во мината сезона таа беше еден од најдобрите поединци во клубот.  Во моментов не е познато каде ќе ја продолжи нејзината кариера.