Кристина Крогшеде ја завршува својата кариера

Искусниот дански плејмејкер и член на Копенхаген – Кристина Крошеде по крајот на оваа сезона се одлучи да стави крај на својата ракометна кариера.

“Долго и темелно размислував за оваа одлука и драго ми е што имам една ракометна кариера во која имам постигнато се што сум посакувала. Затоа мислам дека е време да се сконцентирам на семејниот живот и да ставам крај на кариерата”

Ракометарката на данската репрезентација која воедно е и физиотерапевт веќе има планови за иднината и подготвена е за нови авантури.

“Планираме со мојот сопруг да отидеме во Јужна Африка и таму да поминеме низ доста авантури” изјави Крогшеде за веб сајтот на Копенхаген.

На 11 март екипата на Копехаген ја чека тежок натпревар во домашното првенство каде ќе ги одмерат силите со силниот противник – Рандерс.