Кристина Елез нова ракометарка во Подравка

Екипата на Подравка го претстави новото засилување за следната сезона. Репрезентативката на Хрватска и досегашна ракометарка на руски Ростов , Кристина Елез во новата сезона ќе го носи дресот на Подравка од Копривница.

Подравка во новата сезона ќе игра квалификации за влез во најелитното клупско натпреварување. Со оглед на конкуренцијата во квалификацискиот турнир, раководството на клубот ги вклучи алармите додека има слободни ракометарки на пазарот со цел да обезбеди учество во Лигата на шампионите.

kristina elez
Кристина Елез повторно во Хрватска Фото-www.rk-podravka.hr

Кристина Елез во Подравка ќе биде вистинско освежување , нејзина природна позиција е десен бек, но може да ја покрива целата бековска линија. Елез седум сезони го носеше дресот на Подравка, три сезони играше за Мец од Франција,  две сезони настапуваше за РК Крим Меркатор , а една сезона го носеше дресот на Ерди од Унгарија. Ланската сезона ја помина во Ростов Дон, тим кој не успеа да се пласира во Лигата на шампионите.

Покрај Кристина Елез, клубот ги ангажираше и Драгана Џоно од Нант, Миринда Татари од Астраханочка  и Ана Никшиќ од унгарската екипа Вац. Подравка ги продолжи договорите и со Мирјана Миленковиќ, Јелена Живковиќ и Јелена Трифуновиќ.