Крим со победа ја отвори сезоната

Во саботата стартуваше домашното првенство во Словенија. Бранителот на титулата, РК Крим славеше убедлива победа над Крка Ново Место на гостински терен со резултат 36 : 28 ( 18 :18) . Во првото полувреме домашните ракометарки беа рамноправен противник, но во вториот дел екипата предводена од Марта Бон се разбуди и не дозволи да биде изненадена уште во првото коло.

Капитенски Крим го предводеше Тамара Мавшар која постигна дури 16 погодоци додека пак нашата поранешна репрезентативка Мирјета Бајрамовска беше втор стрелец во екипата со осум погодоци. Марина Ламбевска не настапи на овој натпревар.

Во второто коло на домашен терен Крим го пречекува Велење.