Крим се засили со ракометарка од Баја Маре

Пред неполн старт во Лига на шампионите во женска конкуренција екипата од Словенија, Крим Меркатор се засили со ракометарката Лилја Артјуховиќ од  Баја Маре. Искусната репрезентативка на Белорусија имаше силна конкуренција во Баја Маре на левата бековска позиција, па така словенечкиот шампион без проблем успеа да ја донесе во своите редови.

Белорусинката беше дел и од Звезда Звенигород, Астраханочка, Галичанка а најмногу настапи имаше во клубот Минск во Белорусија.

Фото: rkkrim.com