Крим поразен од Хипо, Мирјета Бајрамовска најефикасна

Во Лига на шампионите во женска конкуренција екипата на Хипо ја постигна првата победа во новата сезона. На домашен терен Хипо беше подобар од Крим Меркатор со резултат 29:25 ( 13:14). Поранешната репрезентативка на Македонија, Мирјета Бајрамовска на овој натпревар постигна осум погодоци и беше најефикасна во составот на Крим. Составот на Хипо имаше голема поддршка од искусната Горица Ачимовиќ која со своите 11 погодоци му ја донесе првата победа во овогодинешното издание во ЛШ.

Фото: rkkrim.com