Крим е следниот ривал на менито на вардарки во Подгорица

После одличниот старт на новата сезона во Регионалната лига во женска конкуренција екипата на Вардар денеска ќе има нова задача и тоа против тимот на Крим. Овој меч би требало да покаже дали вчерашната форма може да се одржи и втор ден по ред така што ослабените вардарки ќе имаат нов предизвик во Подгорица.

Иако на првиот турнир во Регионалната лига заминаа без пет ракометарки, сепак, тоа не беше никаков проблем на мечот против домаќинот Будуќност и Вардар со сигурна игра дојде до триумф. Шанса добија и помладите ракометарки кои од годинава се дел од првата екипа така што ова е најава за нова убава сезона меѓу „црвено-црните“.

И денеска средбата стартува од 19 часот, а според расположението меѓу ракометарките на Вардар ова ќе биде нов дуел на кој се очекува работите да одат во позитивен правец и да донесат убав резултат.

Вардар ја брани титулата од минатата година, а според тоа како вчера одиграа Суслина, Радичевиќ, Лекиќ… за очекување е ова да биде натпревар на кој ќе има што да се види и дефинитивно се очекува уште еден триумф за „црвено-црните“.

Претходно од 17 часот својот меч ќе го одиграат и девојките кои се дел од Спортската академија на Македонија. Тие вчера ремизираа против Будуќност, па денеска имаат задача за нов меч во кој ќе можат да покажат дека исто така се во добра форма.