Крилото на Охрид во водство: Блажески беше најефикасен во 1. коло

Десното крило на Охрид, Бобан Блажески постигна најмногу голови и е во водство после 1. коло на Листата на стрелците во Супер машката лига. Блажески беше прецизен 12 пати против Вардар јуниор со што се избори за одличен резултат и успеа да му помогне на својот тим да дојде до победа.

Одличен ден имаа уште неколку ракометари, но мора да се потенцира дека Еурофарм Работник не играше во првото коло бидејќи Младост 09 се откаже од Супер лигата и во секое коло ќе има по еден слободен тим.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 1. КОЛО

Бобан Блажески (Охрид)                    12

Мирко Мајиќ (Радовиш)                     11

Мице Шилегов (Металург 2)             10

Мартин Серафимов (Металург 2)     9

Ивица Илиев (Борец)                           9

Менде Петкоски (Прилеп)                 9