Криза во Сегед

Унгарскиот суперлигаш, Сегед е во финансиска криза. Клубот е на дното на табелата со само еден освоен бод кој го заработи во натпреварот против МТК Будимпешта. Во новата година Сегед продолжува без трите српски ракометарки, Сузана Цубела, Даниела Мистриќ и поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Марија Лојпур. Токму овие ракометарки беа едни од главните играчи во тимот а по нивното заминување Сегед тешко дека ќе најде решение за обезбедување опстанок во најсилната унгарска лига.
Новата дестинација на заминатите ракометарки е позната само за Сузана Цубела која го засилува прволигашот, Кечкемет каде настапува и поранешниот пикер на ЖРК Вардар – Татјана Трбовиќ. Кечкемет е на добар пат да обезбеди влез во супер лигата.