Криза во Охрид: Нема пари, нема ракомет!

По најуспешната сезона во клупската историја, Охрид се соочува со финансиски проблеми во пресрет на стартот на новата сезона во Суперлигата. Иако по освоеното прво место во регуларниот дел од сезоната во најквалитетна конкуренција во Македонија, логично би било клубот да оди по нагорна линија, се чини дека нема да биде така.

Со оглед на тоа што играчите на земаат плата според договорите за јуни и јули. очекуваа дека на стартот на септември ќе добијат плата за август. Но иако тренираат од 26 јули, настапуваа на турнирот во Струга, одиграа и два европски меча против Волендам, се уште не добија ниту денар, иако бараа само аванс.

По елиминацијата на холандскиот тим охриѓани немаат одржано ниту еден тренинг. Функционира само младинската и пионерската школа на клубот. Дел од играчите од странство беа во своите земји, а останатите ракометари заминаа во градовите од кадешто потекнуваат. Никој од управата на клубот не контактира со нив, но се очекува денеска или утре да има разрешница на ситуацијата.