Криза во Локомотива Загреб: Најдобрите го напуштаат бродот што тоне

Хрватскиот шампион, Локомотива Загреб се наоѓа пред големи искушенија, потресени од тешка финансиска состојба и неизвесна судбина. Ирфан Смајлагиќ кој ја предводеше хрватската екипа не е повеќе тренер. Состојбата во клубот е уште потешка и со заминувањето на една од главните играчи во екипата, Соња Башиќ која премина во редовите на Мец. Клубот го напуштија и Нели Ирман од Словенија, репрезентативката на Чешка, Михаела Хрбкова и домашната ракометарка, Ивана Ловриќ. Клубот на ракометарките им должел неколку плати.

Оваа сезона Локомотива Загреб играше во Лига на шампионите и не се пласираше во наредната фаза. Освои скромни два бодови и заврши на последното место во својата група. Своите настапи на европска сцена ги продолжува во рамките на КПК, а на домашна сцена ќе има тешка задача да ја одбрани титулата. Локомотива имаше високи амбиции и создаваше квалитетен тим, но погрешното менаџирање со финансиските ресурси си го направија своето.

Поголем дел од ракометарките на Локомотива Загреб се дел од репрезентацијата на Хрватска.

Фото:rklokomotiva.hr