Криза во Динамо: Рускиот шампион пред откажување од ЛШ?

Рускиот шампион Динамо Волгоград е во голема финансиска криза и не се знае дали ќе има доволно средства за настап во Лига на шампионите. Последните денови ситуацијата во Волгоград е тешка со оглед на тоа дека покрај финансиските проблеми клубот почна да го губи и првото место во рускиот шампионат.

Во неколку медиуми во Русија се појави и информацијата дека Динамо размислува да се откаже од настапите во Лига на шампионите заради големите трошоци. Во клубот има и три интернационалки кои се едни од главните играчи во екипата. Рускиот шампион е противник на ЖРК Вардар во втората фаза во најелитното клубско натпреварување.

Каква ќе биде ситуацијата во Динамо ќе се знае во наредните денови.