Крај на сезоната за Цвијиќ

Поранешниот кружен напаѓач на Вардар, а сега ракометарка на романскиот ЧСМ Букурешт, Драгана Цвијиќ предвреме ја заврши сезоната.

Иако беше планирано таа да помогне на двете четвртфинални пресметки од Лигата на шампионите против Мец, сепак нема да биде така.

Повредата на левото колено мораше да биде санирана со операција, а српската репрезентативка на социјалните мрежи објави дека зафатот бил успешен

„Операцијата е успешна. Мина потешко отколку што се очекуваше, но сега е добро. Паузата ќе трае шест месеци“, напиша Цвијиќ.

ЧСМ Букурешт е пред елиминација од Лигата на шампионите, откако загуби на првиот четвртфинален дуел од францускиот Мец.