Крај на една богата кариера: Сергеј Шељменко станува тренер

Капитенот на Мотор Запорожје и десен бек на руската репрезентација Сергеј Шељменко стави крај на играчката кариера.

Ова беше најавено пред почетокот на осминафиналниот натрпеварот против Келце. Како признание за заслугите во клубот, бројот 83 ќе му биден засекогаш доделен на Шељменко и повлечен од составот.

Во април Шељменко ќе наполни 36 години. По напреварот, тренерот на Мотор – Николај Степанец изјави дека Русинот ќе се приклучи на трнерскиот тим во клубот до крајот на сезоната.

Една од причините за ставање крај на кариерата e повредата поради која Шељменко практично и не играше оваа сезона.