Крај на една блескава кариера: Омејер замина во легендите! (ВИДЕО)

42-Годишниот француски голман Тјери Омејер, пo 25 години од својот прв настап како професионалец, се збогува со ракометната топка.

Според многумина љубители на ракометот, најдобриот голман во историјата на ракометот, вечерва го забележа својот последен настап во кариерата.

Неговата ракометна приказна започна од Селеста, потоа беше дел од Кил и Монпелје, со кои освои титули во Лигата на шампионите, додека со  ПСЖ не успеа во тој обид.

Со националниот тим беше 14 пати на подиумот на сите големи натпреварувања, а освои десет злата. Забележа 356 настапи за Франција и постигна четири голови.