Крај за Арон Палмарсон на Светското Првенство во Катар!?

Деветтиот натпреварувачки ден во Доха го одбележа првата замена во исландскиот тим. Исландскиот ракометен сојуз официјално изврши замена на моторот на исландската репрезентација Арон Палмарсон, а на негово место на натпреварот против Египет ќе игра Гунар Стеин Џонсон.
На натпреварот против Чешка, суперѕвездата на Кил во 24-та минута доби удар во главата по што не беше во можност да го продолжи натпреварувњето. Лекарите во исландскиот табор констатирале мал потрес на мозок, поради што Палмарсон не е во можност да настапи на клучниот дуел против Египет кој се игра денес од 17:00.
Иако прогнозите не се поволни за исландскиот плејмејкер, тренерот на екипата, Кристијансон се надева дека во наредните неколку дена состојбата на Палмарсон ќе се подобри, а со тоа ќе ја искористи и втората последна замена на првенството во клучниот елиминациски дел од натпреварувањето.
Исланд вечерва ќе се соочи и со најбројната навивачка група во Доха, популарните „Фараони“, а репрезентацијата на Франција беше единствениот тим кој успеа да ги совлда Егиќаните во досегашниот тек на натпреварувањето.
За потсетување Исланд пред два дена загуби од Чешка со 11 голови разлика, а претходно имаше една победа против Саудиска Арабија, еден пораз од Шведска и нерешен резултат со Франција.