Кратко траеше авантурата во Челинџ Купот: Металург со висок пораз од Малага заврши со Европа

Ракометарките на Металург се простија од Европа, откако беа поразени и во реванш мечот од 3 коло во Челинџ Купот од шпанската Ринкон Фертилидад Малага со 37:14. Тимот од Автокоманда формално беше домаќин на оваа средба, иако се игра во Шпанија.

По првиот висок пораз од 17 голови, избраничките на Крсто Петрушевски и Јулијана Црвенковска загубија уште поубедлво, односно со 23 голови разлика. Натпреварот беше решен уште во првиот дел, кога тимот од Малага направи предност од 11 голови разлика, 7:18.

Во шпанскиот состав се истакна Вељковиќ со 10 голови, а кај македонскиот тим најдобра беше Јана Калајџиеска со 4 голови, додека по 3 дадоа Божиновска и Гајиќ.