Којa ќе биде идната ракометна ѕвезда?

Со возбудливата завршница на “фајнл-фор” турнирот во Келн беше означен крајот на оваа сезона во ракометната лига на шампиони. Видовме многу млади играчи кои покажаа дека иднината на ракометниот спорт е во нивните раце и дека со право им се дава епитетот на наследници на најголемите ракометни звезди. Играчите од последната генерација како Џим Готфридсон, Кампус Ване и Богдан Радивојевиќ веќе се победници во лигата на шампионите, а останатите како Алекс Душебаев, Харалд Реинкинд, Борут Мацковшек, Раул Сантос, Дејан Манасков играат значајна улога во своите национални тимови. Кој ќе биде идна ракометна звезда?

Ќе направиме една анализа на ракометарите чие време допрва доаѓа и на кои им се предвидува блескава ракометна иднина (во изборот влегуваат играчи родени по 01.01. 1994 година).

Голмани:

Jonas Maier ( 20 years, Germany,Kadetten Schaffhausen)

RNL vs. Gummersbach
Jonas Maier

Рајн Некар Ловен ја продолжи позајмицата на својот млад голман во екипата на Шафхаузен на уште една година. Тој ја делеше минутажата со Литванскиот ветеран Јасикевичиус и заедно беа најзалужни за враќањето на шампионската титула во витрините на Кадети Шафхаузен.Наредната сезона ќе брани заедно во пар со швајцарскиот талент Никола Портнер и ќе биде интересно да се види неговиот настап наредната година во Лигата на шампионите.

Havard Asheim (20 years, Norway,Follo HK)

håvardÅ_junior_landslag
Havard Asheim

Има само 20 години,а веќе седум пати го носеше дресот на националниот тим на Норвешка. Хавард Ашеим имаше неверојатна сезона за екипата на Фоло во првенството, со 194 одбрани од 490 шутеви (40%). Еден од најголемите Норвешки клубови, Хаслум не остана рамнодушен на неговиот талент и го обезбеди неговиот потпис за наредната сезона.

 

Левo крилo:

Lovro Mihic (19 years, Croatia, Zagreb Croatia Osiguranje)

ловро
Lovro Mihic

Изгледа треба да се викаш Ловро за да успееш на позицијата лево крило во екипата на Загреб. Загреб како клуб не треба воопшто да се грижи за таа позиција бидејќи има двајца извонредни млади играчи како Ловро Михиќ и Ловро Шпрем. И двајцата се млади со голем потенцијал и желба за играње и нема да им биде многу драго да ја делат минутажата во клубот за кој настапуваат. Оваа сезона Михиќ има постигнато 33 гола во 15 натпревари во Сеха Лигата, исто како и Шпрем. Во Лигата на шампионите, Михиќ постигна само 6 голови во 4 натпревари, додека Шпрем успеа 15 пати да се запише во листата на стрелците. Наредната сезона ќе видиме како екипата на Загреб ќе се справи со ова прашање на левата крилна позиција.

Viktor Hallen ( 20 years, Sweden, Halmstad)

Викто хален
Viktor Hallen

И покрај разочарувачката сезона домашното првенство во кое се пласираа на деветото место ( Халмштад беше шампион 2012/2013), и беа без победа во лигата на шампионите, Виктор Хален ги покажа своите потенцијали и талент постигнувајќи 89 голови во 32 првенствени натпревари, и 17 голови од 6 одиграни натпревари во Лигата на шампионите. Халмштад сака да ја гради својата иднина со Виктор Хален како свој лидер и логично му го продолжи договорот до 2016 година.

 

 

Лев бек:

Marko Mamic ( 20 years, Croatia, Kadetten Schaffhausen)

марко мамиќ
Marko Mamic

Најдобриот лев бек од европското првенство за играчи до 18 години, и Светското првенство до 19 години, рано се одлучи да премине во Швајцарија, во екипата на Кадети Шафхаузен каде требаше да настапува во Лигата на шампионите и да напредува како играч. За жал во својата втора сезона во Кадети Шафхаузен имаше можност да настапува само во Ехф купот каде не успеа да се пласира во групната фаза бидејќи неговиот клуб беше елиминиран од екипата на Хановер во третото елиминациско коло. Но тоа беше доволно за Мамиќ да постигне 18 голови во 4 европски натпревари. Во првенството беше стрелец на 63 голови во 29 натпревари, што беше доволно Шафхаузен да ја освои шампионската титула во Швајцарија и да игра во Лигата на шампионите наредната сезона.

Luka Maros (19 years, Switzerland,Pfadi Winterthur)

Лука Марош
Luka Maros

Уште еден ракометар од швајцарското првенство. Со само 18 години беше најдобар стрелец на Цирих постигнувајки 102 голови минатата сезона. Минатото лето потпиша за амбициозниот Винтертур каде имаше можност да се бори за титулата во швајцарскиот шампионат и да настапува во ЕХФ купот. Винтертур беше елиминиран во второто коло од екипата на Бешикташ а Марош постигна 8 голови на двата натпревари. По елиминацијата од ЕХФ купот, Винтертур сите сили ги насочи кон домашниот шампионат каде беа први по регуларниот дел на сезоната, но сепак Шафхаузен беше подобар во финалната серија и ја освои шампионската титула.Марош беше трет најдобар стрелец во својот тим постигнувајќи 124 голови на 33 натпревари, а сезоната ја заврши на 9-то место листата на стрелците во швајцарскиот шампионат.

Michal Kasal (20 years,Czech, Barcelona B)

Микал Кашал
Michal Kasal

Moжеше да биде важен играч во ростерот на било кој европски клуб, но откако ја одбра Барселона, мораше да биде префрлен во Барселона Б и да ја игра сезоната во втората шпанска дивизија.Тоа не го спречи чешкиот лев бек да постигне 81 гол во 22 натпревари и да му помогне на својот тим да се бори за врвот. Наредните две сезони ќе биде на позајмица во Целје и конечно ќе ја добие шансата да се проба во Лигата на шампионите. Го споредуваат со Филип Јиха но треба многу да работи за да ги оправда тие споредби и да ја достигне големината на својот сонародник.

Lasse Andersson ( 20 Years, Danmark, Kolding)

ласе андерсон
Lasse Andersson

Новиот дански вундеркинг не остана незабележан оваа сезона. Постигнувајќи 37 голови од 10 одиграни натпревари во Лигата на шампионите за екипата на Колдинг, Андерсон покажа дека е спремен да се натпреварува на највисокото европско ракометно ниво. Со постигнатите 7 голови против Киелце и 6-те голови против Кил го сврте вниманието на европските ракометни гиганти. Во данскиот шампионат беше трет најдобар стрелец во својот тим постигнувајќи 93 голови во 32 одиграни натпревари во конкуренција на големи ракометари како Лукас Карлсон и Бо Спелербег.

Среден бек:

Sander Sagosen (18 years, Norway, Haslum)

Сандер Сагосен
Sander Sagosen

Постигна 102 голови во 22 одиграни натпревари во норвешкото ракометно првенство. Ракометната федерација на Норвешка го планира да биде еден од лидерите на проектот “Рио 2016”. Со трансферот кој го направи минатото лето преминувајки во екипата на Хаслум, Сагосен имаше можност уште повеќе да ги презентира своите високи ракометни капацитети. Данската екипа Алборг брзо реагираше плаќајки и оштета на екипата на Хаслум за предвремен прекин на договорот. Сагонен несомнено уште побрзо ќе се развива во Данска, но неговите разигрувачки и шутерски вештини се веќе импресивни за неговите години.

 

Тим Сутон ( 18 years, Germany, Rhein Neckar Löwen)

tin-suton600x400
Tim Suton

Тим Сутон е најмлад ракометар од оваа селекција но не и помалку талентиран. Избран за најдобар среден бек на изминатото Светско првенство за играчи до 19 години, оваа година настапуваше во втората бундеслига, но од наредната година ќе игра во Рајн Некар Ловен. Постигнувајки 241 гол од 36 одиграни натпревари ја освои титулата најдобар стрелец во втората бундеслига. Тој претставува светла иднина на германскиот ракомет, кој сеуште бара силен централен бек уште по повлекувањето на Маркус Баур.Поради својот талент и хрватското потекло често е споредуван со Никола Карабатиќ.

Jon Azkue ( 20 years, Espana, Bidasoa)

jon-azkue
Jon Azkue

Традиционално за шпанскиот ракомет, Аскуе претставува остар централен бек. Оваа сезона со својот клуб Бидасоа се пласира во Асобал лигата но и покрај добрата сезона која ја имаше постигнувајки 148 голови во 30 натпревари, наредната сезона повторно ќе настапува во втората дивизија бидејки Бидасоа заврши последна на табелата. Тој го продолжи договорот со својот клуб до 2016 година сакајки да му се одолжи за се што клубот има направено за него.

Jesper Kondratsson ( 20 years, Sweden, Alingsas)

кондрадсон
Jesper Konradsson

Освојувањето на шампионската титула на екипата на Алингсас во шведското првенство беше мало изненадување за љубителите на ракометот во оваа земја. За тоа големо влијание има и играта на Јеспер Конрадсон кој со своите 4 голови по натпревар и вкупно 163 голови во 41 натпревар беше прав лидер на својот тим. Наредната година со Алингсас ќе игра во Лигата на шампионите, и ќе се обидат да го поправат лошиот впечаток кој го остави екипата на Халмштат изминатава година.

Десен бек:

Pascal Vernier ( 18 years, Switzerland,Stafa)

2011-05-31_Vernier_Pascal
Pascal Vernier

Се чини дека Швајцарската лига нуди доста талентирани млади играчи. Верние е уште еден млад швајцарски бисер од оваа генерација, кој е заслужен за позитивните резултати кои Швајцарија ги постигна на јуниорските и младинските натпреварувања во изминативе години. Оваа година постигна 120 голови во 27 натпревари (4,4 по натпревар). Беше избран за најдобар млад играч во швајцарското првенство. Нема да биде изненадување доколку во наредните месеци биде ангажиран од некој посилен клуб.

 

 

 

Niclas Kirkelokke (20 years, Denmark, GOG)

Никлас Киркелоке
Nicklas Kirkelokke

Избран за најдобар десен бек на Европското првенство до 18 години и Светското првенство до 19 години, Никлас Киркелоке во Данска го сметаат како јак десен бек каков што бараа години наназад. Оваа година првпат настапи во Данската супер лига и веднаш се примети дека ја поседува онаа спортска ракометна “дрскост” која ја имаат повеќето светски ракометари. Постигнувајки 98 голови на 30 натпревари тој беше една од причините за добриот настап на неговиот тим оваа сезона, кој не успеа да се пласира во полуфиналето за само еден гол. Позната по тоа што создава големи ракометари (Егерт, Могесен итн) екипата на GOG ќе може да смета на неговите услуги и наредната сезона.

Fabian Wiede (20 years, Germany, Füchse Berlin)

fabian-wiede-foto-c-füchse-berlin
Fabian Wiede

Фабиан Виде оваа година имаше можност да покаже што знае како резерва на Игропуло. Тоа го направи доста успешно постигнувајки 68 голови во 34 натпревари во Бундеслигата, и 17 голови во 10 натпревари во ЕХФ купот. Со своите добри игри се избори за настап и во националниот тим. Фабиан, претставува светла иднина на Фуксе Берлин со кој го продолжи својот договор до 2019 година.

 

Luka Sebetic (20 years, Croatia,Zagreb Croatia Osiguranje)

Luka__ebeti__446620S1
Luka Sebetic

Лука Шебетиќ е многу понапред од своите ракометни врсници. На свои 16 годии настапи на Европското првенство за играчи до 18 години, и на Светското првенство за играчи до 19 години една година подоцна. По повредата која го мачеше сезоната 2012/13 оваа година се врати во извонредна форма. Тој докажа дека е многу повеќе од обична резерва на Лука Степанчиќ постигнувајки 50 голови во 20 одиграни натпревари во Сеха Лигата, и 14 голови во 6 натпревари во Лигата на шампионите. Дефинитивну му е потребно многу повеќе време во игра за да биде во можност да ги покаже своите играчи квалитети, и во блиска иднина е можно да замине од Загреб.

Peter Hornyak ( 18 years, Hungary, Essen)

Петер Хорниак
Peter Hornyak

Петер Хорњак е извонреден млад талент кој многу брзо ги искачува ракометните височини. На само 16 години беше избран за најдобар млад играч на Унгарија за 2012 година, по што минатото лето направи трансфер во втората бундеслига потпишувајки за екипата на Есен. Во овој млад тим тој веќе прерасна во лидер постигнувајки 131 гол во 33 натпревари. Есен се пласираше на 11 место во втората бундеслига и нарадната година нема да се натпреварува во Бундеслигата, но тоа нема да го спречи Петер Хорњак да постигнува дузина голови за својот тим.

Пивот:

Ignacio Plaza (19 years, Espana, Guadalajara)

Игнацио Плаза
Ignacio Plaza

Игнасио Плаза е мистерија. Со Сиудад Реал на 16 години го одигра својот прв натпревар во Лигата на шампионите и потоа незабележително го снема од ракометната карта пред да потпише за екипата на Гвадалахара на 2 сезони. Но тамо одигра само 2 натпревари по што реши минатото лето да премине во Пуерто Сагундо. И се чини дека ја донесе правата одлука. Најдобриот пикер на изминатото Светско првенство за играчи до 21 година постигна 123 голови во 30 натпревари. Неговата кариера повторно е на прав пат, и треба да очекуваме во иднина негово враќање во националниот тим со оглед на неговата возраст.

 

 

Adrian Rotaru (19 years, Romania, CSM Bucarest)

0_WN-rotaru adrian-02-photo-uros hocevar-ihf
Adrian Roataru

Можеби романското првенство не е едно од најдобрите но дефинитивно има интересни и квалитетни ракометари. Адриан Ротару е еден од нив. Оваа сезона во екипата на Букурешт постигна 68 голови на 27 одиграни натпревари. Со оглед на талентот кој го има, и фактот дека екипата на Букурешт е фабрика за правење на млади играчи во Романија, нема да биде изненадување доколку Ротару во следниве години го облече дресот на најдобриот романски клуб Констанца.