Кој ќе патува за Злин?

Селекторот Лино Червар се уште не се одлучил за конечниот список ракометари. Червар денес пред медиумите соопшти дека утре на техничкиот состанок ќе ја направи последната голема одлука кога во прашање се бараж-дуелите за Светското првенство во Франција.

Поради мала повреда на грбот состојбата на Стојанче Стоилов го загрижува новиот македонски селектор, затоа многу веројатно е дека во Чешка ќе отпатуваат сите три пивоти. Стоилов денес тренираше и го одработи последниот тренинг на македонската репрезентација во „Кале“, но Червар не сака да ризикува и затоа наместо 16 во Злин веројатно ќе патуваат 17 ракометари, што би значело дека покрај Никола Маркоски ќе патува и Жарко Пешевски.
Селекторот последниот рез ќе го направи изутрина, голема е веројатноста на него да се најдат Даскаловски и Кукоски, а во зависност од тактиката на хрватскиот стратег за Злин нема да патува уште Талески или Костески.

Првиот бараж дуел меѓу Македонија и Чешка ќе се одигра на 11.06.2016 со почеток од 12:30 часот, домаќин на средбата ќе биде градот Злин.