Кој е буцкото што се „бореше“ со Карабатиќ и компанија? (ВИДЕО)

На француската и европската ракометна јавност не и беше толку интересен квалификацискиот натпревар помеѓу Франција и Литванија (37:20), туку појавата на пикерот на литванискиот национален тим, Гинтарас Цибулскис, кој им се спротистави на браќата Карабатиќ и компанија. Иако даде само 1 гол, остави силен впечаток.

Во минатото на пикерската позиција, имало корпулентни играчи од типот на Андреј Чепкин, Ѓула Гал, Ричард Мезеи, но Цибулскис со својата градба веројатно ги надминува сите претходно наведени. 29-годишниот литвански ракометар според написите во литванските медиуми има 165 кг, иако на сајтот на ЕХФ стои дека е висок 200 цм, а тежок 130 кг, но тој податок е од јуниорските денови.

Цибулскис моментално игра за Клаипеда Драгунас, а претходно има настапи и во холандскиот Хари Ап. Во продолжение погледнете еден од неговите голови на квалификацискиот дуел од лани против Босна и Хереговина…