КОЈ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНСКАТА РАКОМЕТНА СУПЕР ЛИГА НЕ НУДИ АТРАКТИВНИ ПОТЕЗИ!? (ВИДЕО)

Кој вели дека во Македонската ракометна Супер лига нема атрактивни потези? Најпрво на натпреварот Работнички-Охрид бевме сведоци на фантастичниот цепелин на релација Вања Илиќ-Златко Мојсоски, а вчера на натпреварот Тинекс Пролет-Радовиш, ракометарот на Тинекс Пролет, Стефан Трајковски во една контра на мајсторски начин во трк го лобуваше противничкиот голман и предизвика овации кај публиката присутна во салата. Одличниот погодок на Трајковски можете да го погледнете на видеото подолу.