Која ќе биде „заменичка“ на Локе во Ѓер?

Откако од унгарскиот шампион Ѓер објавија дека нивната ракометарка Хајди Локе е бремена и ќе паузира до крајот на сезоната, започна шпекулациите која ќе биде нејзината замена. Сигурно Ѓер не би сакал да остане само само Ивет Брох на пивотменската позиција и ќе се пушти во активна потрага на новa ракометаркa.

Унгарските медиуми информираат дека има повеќе опции, но први на листата можни засилувања се Лука Домби, која игра за вториот тим на Ѓер, Мошонмаѓаровар, како и туниската интернационалка Асма Ел Гауи, кој е членка на Шиофок.

Другите опции, односно ракометарки за кои е помала веројатноста дека би го засилиле Ѓер се Ели Чавез, која своевремено беше пред трансфер во Вардар, а сега игра во Флери Луар, потоа Перниле Вибе од Иси Париз, како и полската интернационалка Патриција Кулвинска од Гдањск.